Технички преглед
Качанички пат б.б. Визбегово, Скопје
Тел: 3204-909
Фах: 3204-913
E-mail: tehnicki@hisar.com.mk
Hisar Tehnicki pregled slika2 sl3

БЕСПЛАТНИ ПРЕВЕНТИВНИ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕДИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ГОДИНА

НОВО!!! 
               - Издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство

               - Издавање на потврда за сообразност - Хомологација

               - Издавање на Лиценци - потврди за исполнување на посебни техничко експлоатациони услови

Работно време:

  • Понеделник до Петок - од 08.00 до 17.00 часот.
  • Сабота - од 08.00 до 14.00 часот.

         Контакт и информации:

           Тел./Факс. 3 204 909 и 3 204 914

Цени на услугите

Во моментов важат промотивни цени на техничкиот преглед и тоа:

  • За патнички возила 699,00 денари. (без ДДВ)
  • За товарни возила 1.386,00 денари. (без ДДВ)
  • Вонреден технички преглед 255,00 денари. (без ДДВ)

Техничкиот преглед е постапка со која што правното лице за технички преглед ги утврдува податоците во врска со возилото, неговите системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив определени со Законот за возила, прописите донесени врз основа на тој Закон како и упатствата на производителот на уредите и опремата што се употребуваат при техничките прегледи.

При вршењето технички преглед се утврдува дали возилото ги има и се во исправна состојба пропишаните уреди, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, за осветлување на патот и на возилото и за испуштање на согорените гасови, како и дали ги исполнува и другите пропишани услови за учествување во сообраќајот.

Техничкиот преглед на возилата се состои од:

  • Преглед на возната постројка и на каросеријата (самоносечка конструкција)
  • Преглед на моторот и на погонските уреди
  • Преглед на уредот за управување
  • Преглед на уредот за сопирање
  • Преглед на светлосните и на светлосно-сигналните уреди
  • Преглед на контролните и на сигналните уреди
  • Преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост
  • Преглед на оските, тркалата, пневматиците
  • Преглед на уредот за давање звучни сигнали
  • Преглед на уредот за движење на возилото наназад
  • Преглед на уредот за испуштање на согорените гасови
  • Преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило
  • Преглед на другите уреди, делови и ознака на возилата и нивната опрема



Услуги

  • pictureРЕГИСТРАЦИЈА НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
  • picture

    ОДЈАВУВАЊЕ НА ВОЗИЛА

  • picture

    ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТООДГОВОРНСТ

  • picture

    ИЗДАВАЊЕ ЗЕЛЕНИ КАРТИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

  • picture

    ИЗДАВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

  • picture

    ИЗДАВАЊЕ НА ПРОБНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ

  • picture

    ИЗДАВАЊЕ НА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ